| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Очигледно постои црно сценарио и некој од надвор се труди да го реализира

Очигледно дека постои одредено црно сценарио и евидентно е дека тоа сценарио се труди да го направи некој од надвор.

Ова го истакна претседателот на ГРОМ и поранешен функционер на СДСМ, Стевчо Јакимовски во гостувањето на вестите на Канал 5.

– Кога ќе направите анализа ќе видите дека е многу сличен на останатите портокаловите револуции,  кои се направени во светот како Украина или Блиски Исток и очигледно дека некој на таков начин се труди да дојде на власт во Република Македонија, со тоа што се труди да вовлече се што е деструктивно во тоа сценарио. Но јас сум убеден и дека во Македонија има граѓани кои имаат незадоволство но не се подготвени да влезат во партиски бои и да ги водат партиски лидери, или пак да ги водат оние лидери кои што се склони кон деструкција и кон создавање хаос во република Македонија.

Тој истакна дека македонците се далеку од заплива маса. Подвлече дека во 1991 и 1999 и 2001 покажаа смиреност и стабилност во вакви ситуации и додаде дека е максимално убеден оти ќе го осудат насилно соборување на власта.

-Сакам да ги потсетам дека тие што заговараат вкаво сценарио, дека портокаловата револуција не завршува со една портокалова револуција. На една портокалова имаше и друга, имавме Мајдан па сега се спрема друг Мајдан. Оние кои во Египет го соборија Хосни Мубарак, па дојде Мохамед Морси, сега Морси е во затвор. Една револуција не завршува само со една, таа потоа носи нова револуција и ново незадоволство, подвлече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top