| четврток, 6 декември 2018 |

Заев создава хаос во Македонија, а неговото семејство уживо по монденски места

Семејството на Зоран Заев засолнето на сигурно место ужива по монденски места додека Заев и СДСМ веќе четврти ден го реализираат нивното однапред смислено насилно сценарио. Имено, додека Заев создава тензија и агресија остварувајќи го своето сценарио за насилство на улиците и активисти на СДСМ се закануваат со крв, Заеви се на одмор во Швајцарија, на луксузното место Локарно, кое можат да си го дозволат само најбогатите луѓе и најпознатите светски ѕвезди кои заработуваат милиони.

3

Монденското место Локарно се наоѓа во Швајцарија, во кантонот Тицино во близина на Аскона, на подножјето на Алпите.  Одмор на оваа локација досега, освен Заеви, си дозволиле Ентони Хопкинс, Кајли Миног, продуцент и режисер Џон Малковиќ, холивидскиот актер Харисон Форд, Даниел Крег, попознат како тајниот агент Џејмс Бонд, како и мегапопуларната Сузан СарандонЗа потсетување, Заев го посети ова место во ноември минатата година.

4

5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top