| четврток, 6 декември 2018 |

Презентација на книгата за деца „Балони и бонбони“ од Тања Веда на Саем на книга

Претставувањето на книгата за деца „Балони и бонбони“ од писателката Тања Веда ќе се случи денеска во 12 часот на штандот на „Просветно дело“ на Саемот на книгата.

Во „Балони и бонбони“ (издание на Детска радост) ќе најдете раскази и песнички за дечиња на предучилишна и раноучилишна возраст. Тоа е сликовница која им го пренесува на децата знаењето за броевите, геометриските форми, просторно-ориентациските релации, но и љубовта кон уметноста, и учи за споделувањето и убавото однесување.

Писателката Веда е автор и на текстови за омилените детски четива како Росица, Другарче и Развигор. Настанот не е замислен како класична промоција, туку… Да не ви откриваме – дојдете и видете какви се балоните и бонбоните во „Балони и бонбони“ и како ќе тече разговорот со писателката Веда!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top