| четврток, 6 декември 2018 |

Кузнецова ја „преслуша“ Шарапова

Светлана Кузнецова ќе игра во финалето на ВТА турнирот во Мадрид по победата против сонародничката Марија Шарапова со 6-2, 6-4. Повозрасната Кузнецова ја доби руската битка за финале и ќе атакува на трофејот против подобрата од дуелот Серена Вилијамс – Петра Квитова.

Кузнецова има негативен биланс против Шарапова, беше и во лоша низа од 4 порази по ред, но денеска во Мадрид лесно ја „преслуша“ повеќекратната гранслем шампионка.

Svetlana Kuznetsova

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top