| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел веќе не е најпопуларен германски политичар

меркел

Канцеларката Меркел ја загуби првата позиција на листата на најпопуларни германски политичаи како резултат на обвинувањата дека лажела за соработката меѓу германската контраразузнавачка служба и американската национална безбедносна агенција.
На прво место на листата според последното истражувања нарачано од телевизијата АРД е министерот за надворшени работи франк Валтер Штајнмаер. Шпионската афера во која биле следени и германски и европски граѓани и компании негативно влијае и на министерот за внатрешни работи Томас де Мазиер од партијата ЦДУ на Меркел  кој за разлика од минатата година ја загубил поддршката од 15 процетни од граѓаните.
Неговата шефица Меркел загубила 5 отсто од поддршката таа сега има 70 отсто поддршка што иако е многу висока не е доволна за првото место кое до вчера го владееше суверено. Веднаш зад неа е ветеранот и сопартиец Волфганг Шојбле кој како министер за финансии има 68 отсто поддршка.
Најголем напредок во рејтинзите има лидерот на коалициониот партнер во владата на Меркел, вицепремиерот и министер за економија Сигмар Габриел кој со критиките за аферата БНД – НСА и новата поддршка од 5 отсто дојде до 53 отсто позитива кај германските граѓани.
Кај партиите ситуацијата е непроменета ЦДУ на Меркел сеуште во водство со 40 отсто поддршка што е за еден процент помалку додека СПД остана на 25 отсто. Промена нема и кај опозиционите и помалите партии.
Во врска со аферата БНД – НСА 70 отсто од Германците бараат поголема контрола на германските тајни служби но само 27 отсто од нив сметаат дека се лично засегнати од следењето на комуникациите или интернетот. Дури 70 отсто од 1000 испитани граѓани во Мај нив не се чувствуваат загрозени од аферата која што по догло време  ја симна Канцеларката Меркел од позицијата најпопуларен политичар во економски најсилната европска земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top