Си нанел повреди по целото тело па си го отсекол пенисот. 64 годишен жител на Кочани завчера итно бил транспортиран на Клиниката за урологија. Поради обилното крварење веднаш бил внесен во операциона сала. На хирургот му требале околу 3 часа за да му овозможи на кочанчанецот во иднина да може да ги извршува барем физиолошките потреби.
-Повредата беше со нагмечување и потоа отсекување на пенисот и сето тоа пропратено со масовно крварење. Операцијата се состоеше во извлекување на оној внатрешен скриен дел од пенисот и негово препокривање со кожни фрапови за да може да ги извршува основните потреби – изјави др. Огнен Ивановски, Клиника за Урологија
На клиника го донел неговиот син кој го пронашол во локви крв и без полов орган. Отсечениот дел не го пронашол бидејќи пациентот претходно го здробил со чекан. Станува збор за лице со психијатриска дијагноза. Тој е втор случај од Кочани кој го исекол пенисот по 22 годишниот дечко кој во октомври го изврши истиот чин поради љубовни проблеми.
-Тоа се најчесто пациенти со психијатриска генеза. Слушаат гласови дека мора да го сторат тоа дека имаат чипови и посегнуваат на таков чи – вели Ивановски.
64годишниот кочанчанец ќе остане на клиника до стабилизирање на неговата состојба. И покрај тешките повреди на половите органи, уролозите успеваат да ги спасат ваквите пациенти за да можат да ги вршат основните физиолошки потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Успешни Македонци: д-р Игор Балевски изврши сложен хируршки зафат во клиничкиот центар во Марибор
-
Зградата која има убава симболика, но на сите им личи на нешто друго (ВИДЕО)
-
Грчкиот претседател имаше успешна операција на срцето
-
И со матурите се претера: Се оперираат уши, носеви, се корегираат гради…