Фудбалскиот шампионат во Шпанија доби црвен картон и бубамарата нема да се тркала во Примера дивизија од 16 мај. Фудбалската федерација на Шпанија донесе одлука привремено да се замрзне првенството поради спорот со Владата за распределбата на средствата од телевизиските права.
Според новата одлука на Владата на Шпанија, сите 20 клуба од Примера ќе добиваат еднаков колач, а на Федерацијата ќе ѝ припадне 4,55 %, што е драстична промена. Досегашната распределба беше во корист на гигантите Реал Мадрид и Барселона, кои добиваа трипати поголеми средства затоа што се најпривлечни за публиката и за спонзорите.
На челниците на шпанскиот фудбал им пречи што нивната влада воопшто не ги консултирала при подготвувањето на новата одлука, па истакнаа соопштение во кое наведуваат дека Федерацијата не добила ниту минимум почитување.
Во шпанскиот шампионат се води интересна битка и за титулата меѓу вечните ривали Барселона и Реал, неизвесно е и кои екипи ќе играат во ЛШ и во Лигата на Европа, а се води остра битка и за опстанок. Ако одлуката за суспензија на шампионатот остане, нема да се играат последните две кола од Примера и финалето на националниот куп меѓу Барселона и Атлетик Билбао.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето