Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во писмото испратено до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун наведува дека тероризмот, како сериозен предизвик пред кој се наоѓа БиХ, го покажал трагичното лице на 27 април во смртоносниот напад на радикални исламисти врз полициската станица во Зворник.
– Меѓу уапсените во врска со нападот се наоѓа најмалку еден повратник од борбите во Сирија – нагласува Додик, пренесува Фена.
Тој писмото го испратил заедно со редовниот извештај кој Владата на РС го упати до Советот за безбедност на ОН, а во кое посебен акцент се става на силната поддршка на новата иницијатива на ЕУ за БиХ, како и на потребата од децентрализирана федерална структура на БиХ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.