Во четврток, 7 мај, во Гевгелија во рамки на Карванот „Купи куќа, купи стан“ Министерството за финансии заедно со претставници на банките и локални градежни компании ќе одржат презентација на проектот: како да се аплицира за субвенциите, кој може да аплицира и локална понуда на станови и плацеви за куќи.
Настанот ќе се одржи во Театарот во Гевгелија (мала сала) во 17 часот. Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани за проектот да дојдат на презентацијата.
Карванот Купи куќа, купи стан продолжува секоја следна недела во друг град: Штип, Струмица, Тетово, Велес и Куманово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Гевгелија, Кавадарци и Охрид активно работат на обезбедување на парцели за „Купи куќа за млади“
-
Караванот за „Купи куќа за млади“ утре во Прилеп, Крушево и Македонски брод
-
Голема заинтересираност во Гевгелија за „Купи куќа за млади“
-
Иџе го започна карванот под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“



