| четврток, 6 декември 2018 |

Караванот за „Купи куќа за млади“ утре во Прилеп, Крушево и Македонски брод

kupi-kuka-640x294Во рамки на караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ утре ќе се одржат презентации во Прилеп (општина/16:00), Крушево (ОУ „Никола карев“/17:00) и во Македонски брод (општина/17:00).

Како што соопшти Министерството за финансии, караванот е планирано да одржи презентации во 30 општини. Следните презентации се во Куманово, Кратово, Крива Паланка, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево,  Берово и Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top