Двократниот европски првак во автомобилизам на ридски патеки Игор Иџе Стефановски повеќе од успешно го започна својот караван „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“ во Прилеп во преполнетите сали во Домот на културата, следени од огромното внимание на младите прилепчани ги посоветува околу безбедност во сообраќајот и ги мотивираше да се занимаваат со спорт, да ја почитуваат фер играта, да бидат истрајни во тренинзите и внимателни во сообраќајот.
Целиот настан беше збогатен со оргиналното возило на шампионот, со картингот и симулатор од неговата виртуелна тркачка академија „Стефановски“.
– Огромниот интерес кои што „летечкиот Македонец“ го предизвика е сигурна најава за успешноста на караванот и во другите градови. Караванот покрај најбрзиот човек во европа во автомобилизам имаше и гости кои што исто така го дадоа својот придонес. Горди сме на фактот дека толкувачот на јазикот на лицата со оштетен слух беше присутен и со тоа ги опфативме сите луѓе меѓу нас. Посебно трогателна беше исповеста на нашиот сограѓанин кој што доживеал сообраќајна несреќа и денеска е во инвалидска количка – велат од неговиот тим.
Стефановски посади пет садници како свој придонес за почист воздух во градот Прилеп.
Караванот продолжува денеска (петок, 19.февруари) во Битола во спортската сала во 12 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.