| четврток, 6 декември 2018 |

Гевгелија, Кавадарци и Охрид активно работат на обезбедување на парцели за „Купи куќа за млади“

kupi

Во Гевгелија, Кавадарци и Охрид активно се работи на обезбедување на плацеви за куќи за проектот „Купи куќа за млади“.

-Гевгелија веќе има урбанизирани плацеви кои може да бидат понудени за овој проект. Плацевите се наоѓаат на три различни локации во Гевгелија. Урбанизацијата е веќе завршена и има околу 500 парцели, истакна Иван Франгов, градоначалникот на Гевгелија.

Во однос на индустриските зони, во „Блоко техна“ работат над 10 компании кои вработуваат околу 600 лица.

За новата зона „Билото“, која треба да се гради на површина од околу 90 хектари, за продадените 4 парцели во зоната во градот.

Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, во врска со проектот „Купи куќа за млади“ истакна дека е направена урбанизација на 6,3 хектари на кои би имало околу 100 парцели наменети за проектот.

Во Охрид ќе има плацеви за изградба на куќи на две локации, изјави градоначалникот Бакрачески. Ќе има вкупно 120 плацеви за куќи за проектот „Купи куќа за млади“, кои ќе бидат на располагање за три месеци, а до крајот на годината ќе се обезбедат дополнителни 120.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top