| четврток, 6 декември 2018 |

Даштевски: Доказите и фактите за обвинетите во „Пуч“ се јасни

Доцент доктор Александар Даштевски од универзитетот ЕвроБалкан на гостувањето во Дневник Плус на „Канал 5“ истакна дека правна разрешница за случајот „Пуч“ почна со тоа што е објавен обвинителниот акт во четвртокот.

dastevski500

Професорот вели дека сега можеме да се надеваме дека со тоа ќе започне и целиот судски процес.

-Во четвртокот се покрена обвинителен акт, против обвинетите во случајoт „Пуч“ и веќе јасни се доказите, аргументите и фактите. Состојбите се многу појасни од пред три месеци кога не знаевме што ќе бидат бомбите, кои прислушувал, дали навистина постои нешто опипливо или не. Веќе сега имаме конкретни кривични дела за кои сега се обвинети досега осомничените и имаме една пресуда во која е образложено на каков начин се вршело прислушувањето – изјави Даштевски.

Погледнете го разговорот во продолжение:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top