Хрватската пејачка дива Северина од Ријека ја почна регионалната турнеја „Добре дојде во клуб“, каде што одржа двочасовен концерт со кој го воодушеви риечани. Таа испеа 28 хита и на присутните им приреди шоу какво што може да направат само светските ѕвезди.

Каква и да се појави, Севе одзема здив бидејќи нејзиниот настап е спектакуларен, а зад сето тоа стои тим од светски признаени професионалци. За костимите со кои се појавува на сцената се погрижи белградскиот дизајнер со македонско потекло Марко Митановски. Тој се прослави по соработките со Лејди Гага и со Бијонсе.

Турнејата ја осмисли познатиот словенечки режисер Томаш Пандур, најзаслужниот лик за тоа што Словенско народно гледалиште стана театарска мека откако тој стана директор на оваа институција.

Спектакуларниот настап ќе може да го видат и нејзините обожаватели во Србија и во Македонија. Kај нас настапува на 13 април во арената „Борис Трајковски“.









Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Комплетниот мејл што Северина му го испратила на Милан: „Си реков: подобро Милан одошто рак!“
-
После порно аферата се повлече од јавноста: Северина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
-
Јас едноставно се навикнав: Порно фотографиите на Северина ја шокираа нацијата, а Кеба реагираше вака!


