| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки тренираат со нови топки наменети за Ф4 турнирот во Будимпешта

topki

Македонскиот претставник на завршниот турнир во Лигата на шампионите во ракомет во женска конкуренција, ЖРК Вардар, последните тренинзи пред настапот в сабота против Будуќност во рамките од полуфиналето ги одбработува под полна пареа и со нови топки кои специјално се изработени и дизајнирани за завршниот турнир.

topki 2

Ракометарките имаат време да ги навикнат топките кои од производителот „Адидас“, покрај основните бела и сина боја, добија и портокалови и жолти пламени јазици и, секако,  логото на Ф4 турнирот.

„Црвено-црните“ ќе тренираат во Скопје до четврток кога патуваат за Будимпешта, а таму ќе одработат уште два тренинга пред натпреварот кој се игра в сабота, со почеток од 16.45 часот.

topki 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top