| четврток, 6 декември 2018 |

Циклус современи холандски филмови во Кинотека

Во Кинотека на Македонија од 5 до 8 мај ќе бидат прикажани циклус современи холандски документарни филмови. Публиката ќе има можност да ги види најсвежите филмски стории на Хеди Хонигман, Хела де Јонге, Морган Книбе и Петер Латастер и Петра Латастер Сиш.

– Тоа се филмови чиишто режисерски концепти привлекуваат со темите, начинот на портретирање, експериментот во визуелното и врвниот продукциски професионален ангажман. Но, освојуваат и со социјалниот и хуманистички пристап на ликовите, на протагонистите – вели Гена Теодосиевска, филмски критичар и фестивалски селектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top