| четврток, 6 декември 2018 |

Шест вистински приказни за луѓето кои исчезнале без трага, пострашни и од хорор филмови

Дека реалноста е некогаш почудна од фикцијата, докажуваат и овие шест вистински приказни за луѓето кои исчезнале и никогаш повеќе никој не ги видел. Приказните се превземени од интернет страницата „The Charity Project“, која служи како своевиден каталог за исчезнати лица.

1. Семејството Мартин и два поранешни криминалци

Семејството Мартин од Портланд, Оргеон, на 7-ми октомври 1958-ма година отишло по набавка на божиќни украси и повеќе никогаш не се вратило.

Освен брачниот пар Кенет и Барбара, исчезнале и нивните три ќерки: Барбара (14), Сузан (13) и Вирџинија (11).

Неколку месеци подоцна, телата на Сузан и Вирџинија се пронајдени покрај брегот на една река, а една од друга биле оддалечени околу 50 километри.

Полицијата прво мислела дека можеби од автомобил излетале во реката, но бидејќи останатите членови од семејството и нивниот автомобил никогаш не биле пронајдени, нивната судбина останала непозната.

Сето тоа дополнително го искомплицирал фактот дека истиот ден кога тие исчезнале, полицијата на тоа подрачје фатило девојка на поранешен робијаш, која имала украден пиштол, но не успеале да ги поврзат овие два случаеви.

2. Боби Дунбар и генетската анализа

4-годишниот Боби се оддалечил од своето семејство, а потрагата по него траела дури осум месеци.

Полицијата го пронашла малото дете во Мисисипи, со Џулија Андерсон. Иако таа и нејзиниот партнер тврделе дека момчето е нивни син, родителите на Боби тврделе дека се работи за него.

Како што се одвивале нештата во 1912-та година, не постоело начин да се докаже чиво е детето, а бидејќи Џулија немала пари за адвокат, старателствто го добиле Перси и Леси Дунбар.

Детето целиот свој живот го поминало како Боби Дунбар, а дури во 2004-та година, генетската анализа покажала дека не бил во никакво крвно сродство со своите наводно родители.

3. Били Гефни и Бабарога

1927-ма година, 4-годишниот Били отишол да си игра со својот 3-годишен пријател, во нивната зграда во Бруклин, Њујорк. Само неколку минути подоцна, двајцата исчезнале.

Помалото дете најпосле е пронајдено на кровот на зградата, а на полицијата ѝ е кажано дека Били го украла Бабарога, стар господин со седи бркови.

Тој опис одговарал на серискиот убиец Алберт Фиш, кој подоцна признал дека го убил Били, но неговото тело никогаш не е пронајдено.

4. Евлин Хартли и чување деца

Приказната за исчезнувањето на младата Евлин Хартли звучи како вистинска хорор приказна. 15-годишната Евлин отишла да чува деца како замена на редовната дадилка во семејството.

Кога не им се јавила на родителите во договореното време, неколку пати се обиделе да ја побараат, а потоа татко ѝ отишол да ја побара.

Кога стигнал до куќата, наишол на заклучена врата, запалено светло и вклучено радио. Бебето кое Евлин го чувала, мирно спиело во својата колевка, но немало траг од неговата ќерка.

Судејќи по тоа дека наишол на скршен прозорец и на нејзините скршени очила на подот во дневната соба, веднаш повикал полиција.

Во подрумот ја пронашле едната нејзина чевла и имало нејзини траги од крв во дворот. Полициските кучиња успеале да го следат нејзиниот мирис низ два блока, а потоа одеднаш исчезнал. Полицијата претпоставила дека киднаперот на тој терен ја внел Евлин во автомобил и ја однел со неа.

Иако после нејзиното исчезнување е ораганизирана една од најголемите истраги во државата Висконсин, Евлин никогаш не е пронајдена.

Во случај да е жива, денес би имала 81 година.

5. Брус Кремен и кампување

6-годишниот Брус исчезнал во текот на кампувањето со групата од 80 деца, а иако неговото исчезнување го забележале само неколку минути подоцна, тој никогаш не е пронајден.

Прво се претпоставувало дека исчезнал во шумата, но после деталната истрага не се пронајдени ниту тој ниту неговото тело, покасно неговите киднапери се препишани на серискиот убиец Мек Реј едвардс.

Едвардс за време на исчезнувањето на Брус, работел на реконстукција на патиштата, па се верува дека телата од своите жртви ги закопал под асфалтот. Иако го признал убиството на некои други деца, Едвардс до смрт не признал дека го убил Брус, но многумина и денес се уверени дека тој е виновен.

6. Децата од семејството Содер и пожар

На Бадник 1945-та година, исчезнале пет деца од семејството Содер од нивната семејна куќа во Западна Вирџинија. Пет од вкупно десет деца ги замолиле родителите да ги пуштат уште малку да си поиграат со божиќните подароци, со што тие се согласиле и отишле да спијат.

Мајката во еден момент ја разбудил телефонски повик, а кога на тој кој ѝ се јавил му рекла дека никогаш порано не му го слушнала гласот, тој само се насмеал. Подоцна забележала дека сите светла во куќата се запалени, завесите биле повлечени, а вратата била отклучена.

Во 2.30 наутро повторно ја разбудил чуден звук и сфатила дека куќата им се запалила. Таа, сопругот и пет од нивните деца среќно се извлекле, но петте деца кои побарале да останат да си поиграат со подароците, никогаш не ги пронашле.

Официјалниот заклучок од истрагата бил дека тие загинале во пожарот, но нивните тела не биле пронајдени. Сепак, двајцата родители до крајот на животот верувале дека нивните деца им се живи.

извор: Точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top