Во документот до кој дојде „Република“, а кој е испратен во септември 2009 година од седиштето на компанијата во Тексас, лицето Марко Папиќ информира за средба со македонска делегација во Брисел.
Во документот, кој е објавен од хрватскиот аналитичар на „Стратфор“, Папиќ, тој раскажува за забавни преговори во Стразбур со тогашниот македонски министер за надворешни работи (Антонио Милошоски) , член на македонската мисија во Брисел, и двајца пратеници од собранието во Скопје.
Папиќ вели дека Македонците во делегацијата имале и две жени, според него, за да покажат дека не се машки шовинисти, и еден Албанец за да покажат дека не се расисти иако Албаниците се со иста боја на кожа како и Македонците.
Групата лобирала кај европратеничка од Шведска со која Папиќ, според сопствено признание, го поминувал најголем дел од времето.
Хрватскиот аналитичар во извештајот вели дека на средбата имало многу „тажење и плачење“ од страна на Македонците.
За нив главното прашање било кој од Европскиот парламент ќе го добие македонското портфолио и кој ќе биде шеф на делегацијата за Македонија затоа што не сакале да се повтори последниот пат кога тоа бил Грк.
Македонците не знаеле дека во ЕП уште претходно било договорено сега шеф на делегацијата да биде германски пратеник со грчко потекло. Подоцна тоа се покажа како точно откако Шацимаркакис беше главен за Македонија во ЕП.
На средбата, според Папиќ, Македонците тврделе дека САД веќе не им помагаат и искажале надеж дека Америка повторно ќе се заинтересира за Балканот, по што на своите шефови им сугерира повторна средба со нив во иднина.
Извештаите на „Стратфор“ ги користат голем број глобални корпорации како „Локид Мартин“, „Нортон Груман“, како и американскиот Департмент за државна безбедност, aмериканските маринци, американската одбранбена разузнавачка агенција и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Велиновска: Во полициска станица ми посочија кои новинари правеле кариери со кодошење
-
Иванов се сретна со Џорџ Фридман, основач и претседател на светскиот истражувачки и аналитички центар „Стратфор“
-
Иванов се сретна со основачот и претседател на Стратфор Џорџ Фридман
-
Мрачни прогнози: Ќе се создадат 4 Европи, Русија ќе доживее колапс, а САД ќе употребат нуклеарно оружје