| четврток, 6 декември 2018 |

Велиновска: Во полициска станица ми посочија кои новинари правеле кариери со кодошење

velinovska-kaj-milenko-640x338

Новинарката и колумнистка, Мирка Велиновска, синоќа во емисијата на Миленко Неделковски како одговор на наводните закани од тужба од ЗНМ посочи на новинари во Македонија кои правеле кариери врз основа  на кодошење, притоа го наведе Мето Јовановски, таткото на Борјан Јовановски.

-Ако сакаат да се судиме и да се тужиме, поготово кодошлак, кодоши, родословот на кодошките фамилии во Македонија можеме и тоа, јас имам докази, мене лустрацијата или лустрационата комисија што ја создадовме, па ја укина под политички притисок ништо не ми значи. Јас лично сум го видела таткото на Борјан Јовановски, како дејствува меѓу македонската дијаспора во Канада и Америка, 87 година бев го среќавав  како што работи, го прашував  конзулот југословенски од Македонија. Што му е мисијата на овој човек пистел од Македонија да ги сврдла и да ги работи Македонците? Собирал информации човекот ги предавал на службите овдека. За тоа знае и МВР, знае и последниот министер во еднопартискиот систем Јово Трпеновски, тој ми покажуваше досиеа- обелодени таа во емисијата на Миленко Неделковски.

Велиновска била повикувана и испрашувана на оваа тема во полициска станица.

-Јас знам мене кога ме викаа, во полициска станица во Карпош, 14 дена после Канада ми ги конфискуваа сите разговори што сум ги имала за да ги пишувам во весник. Ме распрашуваа кого сум среќавала, како сум среќавала. Бидејки не сакав  да соработувам, прво ме охрабрија дека на ваков начин се прави кариера и ми посочија три имиња: едното име беше Горан Михајловски, долгогодишен уредник на Вест, второто беше Стојан Насев, главен уредник на Вечер и третото беше Мето Јовановски, како правеле кариери… Ако сакаат да ме елиминираат има други начини снајпер, ова-она, сообраќајка, убиство нешто ново е ? Стварта е што јас сум се обезбедила, во такви услови се што имам складирано сегде автоматски ќе се појави, тоа го знаат не е од сега како информација, па еве ќе биде уште еден Викиликс на мал терен- заклучи Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top