| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов се сретна со Џорџ Фридман, основач и претседател на светскиот истражувачки и аналитички центар „Стратфор“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во петокот оствари средба со  Џорџ Фридман, основач и претседател на еден од најпознатите светски истражувачки и аналитички центри, Стратфор од САД.

Средбата беше оставрена во рамки на учеството на Глобалниот форум за безбедност „ГЛОБСЕК 2015“, во Братислава, Словачка Република,

На средбата, на интерес на соговорникот, претседателот Иванов го запозна со стратешките цели на Република Македонија, актуелните состојби во Македонија на безбедносен план, односите со соседите и состојбите на политички и безбедносен план во регионот на ЈИЕ.

Беа разменети мислења и информации во однос на геополитичките прилики и превирања поврзани со Балканот.

Фридман ја прифати поканата од претседателот Иванов за посета на Македонија, со цел одблиску да се запознае со состојбите, а договорено е и негово учество на Школата за млади лидери, која што се одржува секоја година во Охрид, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top