Приватната известувачка компанија „Стратфор“ (Stratfor Strategic Forecasting), неодамна објави детален извештај насловен „Десетгодишна прогноза“ во која во 11 точки е прогнозирано како ќе изгледа геополитичката сцена во следните десет години.
Стратфор смета дека светот во следното десетлетие ќе биде многу опасно место за живеење, пишува „Бизнис инсајдер“.
Русија ќе доживее колапс
Власта во Москва се потешко ќе ги контролира сите делови на огромната руска држава и ќе се создадат индивидуални групации, кои за цел ќе имаат целосна автономија над територијата на која живеат. Санкциите, падот на цената на нафтата, нестабилната рубља, вртоглавите финансиски трошоци за вооружување, како и се поголемите внатрешни раздори ќе ја ослабат владеачката структура во Русија. Земјата нема формално да се подели на повеќе држави, но мала е веројатноста дека Руската федерација ќе опстане во денешниот облик.
САД ќе мора да употребат нуклеарно оружје
Со оглед на тоа дека руското нуклеарно оружје е поставено низ цел свет, во моментот на дестабилизација на државата, подраќјето на Русија може да стане темпирана бомба. Сломот на рускиот нуклеарен состав ќе биде светски проблем број 1 во претстојното десетлетие, а тоа драстично ќе се одрази и на САД кои ќе мораат да ангажираат војска за да се одбранат од новонастанатата опасност, а тоа не ја исклучува употребата на нуклеарното оружје.
Германија ќе има проблеми
Најсилната европска држава има економија која зависи од извозот и која има огромен профит благодарение на либерализацијата на пазарот на ЕУ, но тоа воедно претставува опасност Германците најмногу да изгубат од се поголемиот евроскептицизам и потенцијалната криза на еврото. Стратфор предвидува дека Германија ќе претрпи сериозни стопански промени во идното десетлетие.
Полска ќе стане водечка европска сила
Додека Германија ќе се справува со стопанските проблеми, нејзиниот источен сосед, Полска ќе ја преземе улогата на една од најмоќните европски земји. „Центар на економскиот раст и се поголема политичка моќ во Европа ќе биде Полска“, пишува во извештајот на Стратфор.
Популацијата на оваа држава нема да биде во опаѓање за разлика од останатите водечки европски држави во ЕУ. Факт е дека Полска, како најголема и најпросперитетна европска земја ќе ја зацврсти својата позиција на регионален лидер што подоцна ќе води кон голем економски и политички престиж.
Ќе постојат четири Европи
Иако пред неколку години ЕУ изгледаше како голема незапирлива сила која ги сруши политичките и економските граници меѓу своите членки, Стратфор предвидува дека европскиот сон во следните десет години ќе пукне како меур од сапуница. Оценуваат дека во претстојната декада ќе се создадат четири Европи, потполно одвоени една од друга. Тоа се Западна и Источна Европа, Скандинавија и Британија.
„ЕУ можеби ќе преживее во некој изронет облик, но европската економија, како и политичката и воената соработка ќе бидат исклучително на билатерално ниво, далеку од денешната заедница“, се наведува во извештајот.
САД и Турција ќе станат блиски соработници, но од потполно неочекувана причина
Од се поголемата нестабилност во арапските земји, во следните десет години Стратфор не гледа крај на судирите, а најголем бенефит од тоа има Турција, која инаку има мошне поволна геостратешка положба. Благодарение на својата се поголема позиција, Анкара ќе добие повик да стане една од главните сојузници на САД.
„Турција и САД ќе развијат воена и политичка соработка, а еден од главните цели ќе биде потполно неутрализирање на руското влијание“, пишува во извештајот.
Кина ќе се соочи со голем проблем
Економијата на Кина полека ќе паѓа, што ќе предизвика големо незадоволство во врвот на Комунистичката партија. И покрај тоа, партијата нема да дозволи било каква либерализација, па единствен начин за останување на власт ќе биде угнетувањето на сопствениот народ. Друг можеби уште поголем проблем е тоа што кинеското стопанство не е подеднакво територијално распоредено. Градовите на брегот се развиваат, додека внатрешноста на Кина е сиромашна. Регионалните раздори беа придвижувач на политичкиот хаос во текот на кинеската историја, па постои мала, но сепак има шанса да дојде до бунт.
Јапонија ќе стане азиска поморска сила
Јапонија има долга поморска традиција и прилично е зависна од извозот. Кина гради врвно опремена морнарица и би можела да стане агресивна во контролата на поморските патишта во источното и јужното кинеско море, како и во Индискиот океан, од кои зависи Јапонија. Затоа Јапонија нема да има друга опција освен да покаже сила во регионот за да и одговори на Кина. Сега Јапонија зависи од САД кои му гарантираат слободен пристап, но Американците во иднина многу повнимателно ќе делуваат во странство.
Моќта на САД ќе слабее
Како што светот ќе станува се понепредвисливо место во следните десет години, САД ќе одговори така што ќе бидат се попребирливи во изборот наместо да преземаат активно водство во решавањето на светските проблеми. Стопанскиот раст, зголеменото произвотство на домашна енергија, падот на извозот и фактот дека се во најсигурниот дел од светот, ќе им го овозможат на САД луксузот да се изолираат од светските проблеми.
„Соединетите американски држави и понатаму ќе бидат голема економска, политичка и воена сила, но ќе се ангажираат помалку од порано и помалку ќе ја користат својата моќ во светот“, прогнозираат во Стратфор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.