| четврток, 6 декември 2018 |

Франција ја покажа сета своја сила, немаше милост кон Македонија (35-24)

Во четвртиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година, Македонија одигра против Франција во Тулуз и загуби со високи 35-24.
Македонија одигра добро само во првите 15 минута од средбата кога успеваше на неколку наврати да го измрани резултатот. По ово период следеше период кога нашите ракометари направија неколку грешки, тоа го искористи светскиот шампион и успеа резултатски да се одлепи за само 7-8 минути игра успеа да направи голема предност од 13-7 во 23 минута. На полувреме се отиде со најголемата разлика 17-10.

France vs Macedonia

Во второто полувреме избраниците на Ивица Обрван не се предадоа и смогнаа сили да ја намалат разликата на само три гола (21-18), но селекторот на Франција Клод Онеста повика тајмаут ги врати првите ѕвезди во тимот и со серија од 7-0 го реши натпреварот.
Нашиот селектор Ивица Обрван не пропушти да им даде шанса на сите ракометари, при што меѓу стрелците се запишаа и дебитантите Жарко Пешевски и Никола Костески.

France vs Macedonia

Во нашиот табор повторно најдобар беше Кире Лазаров со 10 погодоци, Манасков постигна четири, а Филип Лазаров беше стрелец на три гола.
Никола Карабатиќ ја предводеше својата репрезентација со шест гола. Квалификациите за ЕП во Полска продолжуваат за еден месец, на 10 јуни Македонија гостува во Швајцарија, а на 14 истиот месец ја пречекува Чешка. Дотогаш сме трети на табелата со три бода, Чесите имаат пет, а Франција со максимални осум веќе го осигура пласманот на ЕП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top