Македонската ракометна репрезентација попладнево во Тулуз ќе одигра уште еден натпревар против светскиот, европски и олимписки шампион Франција. И овој дуел е од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016.
Во првиот дуел од групата 6 од 4.коло вчера Чешка ја победи Швајцарија со 29:25, па така се искачи на второто место на табелата со 5 бодови пред Македонија, а зад Франција.
Селекторот на Франција Клод Онеста на местото на повредените Ксавиер Бараше и Вилијам Акрамбе во составот за денешниот дуел ќе смета и на Даниел Нарцис, кој беше во Скопје но поради повреда не играше.
Натпреварите од 4. коло во седумте групи стартуваа вчера, а пласман на ЕП веќе обезбедија Унгарија и финалистот од последното ЕП Данска.
Другите девет натпревари меѓу кои и дуелот Франција – Македонија се играат попладнево.
Распоред на натпреварите и табелите:
Група 6: Франција – Македонија (недела), Чешка – Швајцарија 29:25
Табела: Франција 6, Чешка 5, Македонија 3, Швајцарија 0.
Група 1: Холандија – Турција , Хрватска – Норвешка (недела)
Табела: Норвешка 6, Хрватска 4, Холандија 2, Турција 0.
Група 2: Данска – Белорусија 32:23, Литванија – БиХ (недела)
Табела: Данска 8, БиХ 3, Белорусија 3, Литванија 0.
Група 3: Словачка – Летонија 22:23, Словенија – Шведска (недела).
Табела: Шведска 6, Словенија 4, Летонија 4, Словачка 0.
Група 4: Србија – Исланд , Црна Гора – исланд (недела).
Табела: Исланд 4, Црна Гора 4, Србија 4, Израел 0.
Група 5: Унгарија – Русија 29:25, Португалија – Украина (недела)
Табела: Унгарија 8, Русија 2, Португалија 2, Украина 0.
Група 7; Австрија – Финска 29:22, Шпанија – Германија (недела)
Табела: Германија 6, Шпанија 4, Австрија 4, Финска 0.
Двете првопласирани селекции од секоја група и најдобрата трета ќе се пласираат на завршницата на ЕП во Полска 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.