Кралот на „земјата“ шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој е деветкратен освојувач на Ролан Гарос во пресрет на вториот грен-слем оваа сезона, изјави дека Новак Ѓоковиќ е апсолутен фаворит за освојување на титулата на терените во Париз.
Шпанецот не игра во најдобра форма, додека Ѓоковиќ е неприкосновен на било која подлога каде се играат тениските турнири.
– Имам голема самодоверба пред турнирот во Париз затоа што таму имам освоено многу трофеи. Ако ја вратам формата можам да го победам секого, но моментално, има и подобри тенисери од мене. Новак Ѓоковиќ во моментов е фаворит за титулата на сите турнири на кои учествува, па така и на Ролан Гарос – изјави Надал.
Ролан Гарос започнува на 24 мај и ќе трае до 7 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


