Жозе Мурињо ги доставил имињата на играчи до управата на Челси кои ги смета како приоритет за доведување во тимот за следната сезона.
Еден од играчите е одличниот напаѓач на Лион Французинот Алексадр Лаказет. Стратегот на сините од Лондон знае дека во летниот преоден рок мора да доведе врвни напаѓачи бидејќи Дидие Дрогба по се изгледа ќе го напушти тимот, а Мурињо неможе да се потпре само на Диего Коста кој се почесто е повреден. Челниците на Челси ги отпочнале преговорите со францускиот тим и веќе испратиле понуда од 15 милиони фунти плус Лоик Реми.
За услугите на Лаказет е заинтересиран и Ливерепул, но практиката досега покажала дека ако Мурињо „загризе“ за Французинот тој ќе се пресели на „Стенфорд Бриџ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.