Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Миделтон, утрово е примена во болницата Сент Мери во западен Лондон, откако почнала да се породува.
Во соопштението од кралската палата Кенсингтон се наведува дека породувањето на војвотката од Кембриџ , која во болница била одведена со автомобил, „се одвива нормално“.
Кејт е примена на приватното одделение за акушерство во болницата Сент Мери, каде во јули 2013 година е родено и нејзиното прво дете, принцот Џорџ.
Новото бебе ќе биде четврто по ред за британскиот престол, зад дедото Чарлс, таткото принцот Вилијам и братот, принцот Џорџ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


