| четврток, 6 декември 2018 |

Победничката на Евровизија очајно се обидува да го шармира принцот Вилијам

По примерот на својата мајка, принцезата Дијана, принц Вилијам (36) се дружи и со „обични“ луѓе, па за време на службеното патување во Тел Авив се прошетал и со победничката на овогодишната Евровизија, Нета Барзилај (25).

Во знак на благодарност што сакал да ја запознае, Нета му подарила на принцот мала музичка машина, па опуштено прошетале низ градот и пиеле сок.

„Оваа машина го претвора гласот во музика без никакви инструменти, мислев дека тоа е добар подарок“, објаснила пејачката.

Нета во текот на разговорот се досетила дека би било фантастично кога принцот би одел на Евровизија наредна година.

„Верувајте ми, не сте ме чуле како пеам. Мислам дека е подобро да не отворам уста“, на шега искоментирал добро расположениот Вилијам.

Во Израел бил само еден ден и одлучил да ја запознае токму Нета, која со песната „Toy“ од пејачка во подем станала најпознатата поп икона во Израел.

Вилијам е првиот член на кралското семејство кој официјално ја посетил оваа територија и тоа без сопругата Кејт. На принцот сепак не му недостигало внимание, бидејќи многу девојки врескале на улица кога го виделе. Израелската манекенка Бар Рефаели се нашла меѓу публиката.

„Тој е најзгодниот принц на светот“, искоментирала видно маѓепсаната манекенка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top