| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчани заинтересирани за „Купи куќа – купи стан“

купи куќаМинистерството за финансии и банките денеска во општина Прилеп го претставија владиниот проект „Купи куќа – купи стан“ и сите поволности што ги нуди, особено за младите брачни двојки.

За Јане Житошански од Кривогаштани поволностите во учеството на Владата во кредитирањето и во отплаќањето рати е големо и сериозно поради што размислува да ги искористи, пренесе МИА.

– Јас сум лично заинтересиран за оваа програма на Владата. Сметам дека е големо олеснување, особено за младите брачни двојки што сакаат да добијат дом. Конкретно, заинтересиран сум за куќа, но отворена е и можноста за стан. Ова е за поздравување зашто младите брачни двојки се во потешка ситуација да си обезбедат дом, а вака имаат големи поволности. Без ваков предлог од Владата незамисливо е да се размислува за нова куќа или стан- вели Житошански.

Според градоначалникот Марјан Ристески прилепчани се заинтересирани за проектот „Купи куќа-купи стан“, а има и станови за купување на располагање.

– Оваа акција максимално ја поддржува локалната самоуправа. Има доволно објекти и нови згради кои им стојат на располагање посебно на младите брачни двојки- изјави Ристески, нагласувајќи дека има голем интерес кај прилепчани за проектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top