| четврток, 6 декември 2018 |

Десет факти за алергиите

Дали и вас ве мачат пролетните алергии? Голем број луѓе имаат бурни реакции на некој вид полен, затоа ви претставуваме неверојатни факти за овие пролетни штетници.

Со пролетта конечно ни пристигнаа и сончевите денови, но и поленските алергии, кои секакони го ускратуваат уживањетово убавото време. Затоа, не е лошо да се знаат што повеќе факти за алергијата.

1. Поленските алергии се последица на збунетост на организмот. Телото тогаш се однесува како да се брани од бактерииt или вирусите, иако е во прашање за обичен полен кој за нас е безопасен.

2. Симптомите на поленска алергија ги предизвикуваат хистамините, супстанции кои ги лачи нашиот организам.

3. Се уште не се знае со сигурност зошто организмот реагира бурно на одредени супстанции (алергени), кои не се штетни за него.

4. Постои и генетска предиспозиција за алергии, па децата на алергични родители ќе имаат многу поголеми шанси и самите да страдаат од оваа болест, отколку луѓето чии родители не се алергични.

5. Иако склоноста кон алергии се наследува, тоа не важи и за склоноста кон специфичен алерген. Ако родителот е алергичен на амброзија, детето ќе наследи склоност кон алергија, но не мора да значи дека на амброзија.

6. Алергијата е неизлечива. Може да се третираат само симптомите, но не и предизвикувачите. Симптомите обично се третираат со антихистаминици.

7. Најдобриот начин за борба против алергиите е избегнување на алергените, односно супстанциите кои ја предизвикуваат алергијата.

8. Покрај генетските предиспозиции, предизвикувачи на алергија можат да бидат и загадувањето, паразитите, пречувствителноста на организмот и психичките причинители.

9. Најголемиот предизвикувач на пролетните алергии – поленот, може да патува со километри пред да ја пронајде својата жртва.

10. За време на пролетните денови, во воздухот има најмногу алергени кога дува благ ветар, а најмалку кога паѓа дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top