| четврток, 6 декември 2018 |

За 15 проценти зголемени алергиите на храна кај деца до две години

Рибиното месо, млечните производи, коскестите плодови, чоколадите се најголемите предизвикувачи на алергии кај децата во првата година од животот. Во последните десет години за 15 проценти се зголемиле алергиите од овој тип на храна. Причините не се познати, но навременото откривање на симптомите и почнување со лекување може да ја спречи алергијата, објаснува д-р Оливер Зафировски од детската болница „Козле“, чиишто пациенти се деца до двегодишна возраст.

На првата педијатарската школа се зборуваше за високиот процент на препишани антихистаминици. Зголемен е бројот на пациенти со алергии на прашина, полен, убод од инсекти. Педијатрите порачуваат веднаш на доктор доколку детето добие опструкција во дишењето давањето на антихистаминска терапија на своја рака може да биде опасна и во дијагностицирање на други заболувања, вели доктор Аспазија Софијанова.

За докторите алерголози најопасни се алергиските шокови, како најтежок пример се споменува ситуацијата пред десет години, кога дете добило алергиски шок од мирисот на пржената риба од сосетката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top