| четврток, 6 декември 2018 |

Најнова бизарна детска игра: Ги тераат да јадат храна на која се алергични, а потоа објавуваат фотографии од нивните алергиски реакции

Австралија ја зафати нов бран на насилство меѓу децата кои додека се на училиште ги мамат или пак ги тераат со сила своите врсници да изедат храна или пијалок на кој се алергични, па така им предизвикуваат алергиски реакции и им го загрозуваат животот.

Во болниците се почесто се појавуваат деца со болни отоци, гушење и најразлични тешки алергиски реакции бидејќи се злоупотребени од своите врсници во училиште, потврдило најновото истражување.

Истражувањето покажало дека секое 12-то дете во Австралија е алергично на нешто и дека токму овие деца се најчестата мета на насилниците-врсници во училиштата бидејќи се чувствителни и претставуваат лесна мета па поради ова лесно е да ги изолираат и злоупотребуваат.

– Насилниците потоа ги фотографираат своите врсници, а фотографиите на кои децата се потечени и изобличени од алергиските реакции ги објавуваат на социјалните мрежи и така ги срамат и ги изолираат од друштвото, поради што многумина од нив имаат ментални или емоционални проблеми – додава Фонг.

Истото истражување открило дека Австралија не е единствениот случај – слични ситуации се случуваат и во Америка, Велика Британија и други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top