Европскиот парламент (ЕП), кој денеска усвои резолуција за напредокот на БиХ во 2014 година, изрази голема загриженост поради изјавите за спроведување референдум за независност на Република Српска.
Најавата за референдум е усвоена на 25 април на конгресот на Сојузот на независните социјалдемократи.
Во оваа изјава, меѓу другото, се повикува на распишување референдум за независност на РС во текот на 2018 година, а според дејтонскиот договор РС нема право на отцепување, наведуваат европратениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.