Делeгацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) составена од Стефан Шенах (Австрија, Група на социјалисти) Роберт Валтер (Обединето Кралство, Европски конзерватици) и Андреас Грос (Швајцарија, Претседател на Групата на социјалисти), по посетата и утврдување на фактите за Република Македонија на 28 и 29 април 2015 година го издаде декларација насловена: „Република Македонија- негувајќи ги заедно политичкиот дијалог и почитувањето на владеењето на правото може да го изнајде патот за излез од политичката криза, велат од Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа“.
Во декларацијата ПССЕ се задржува на аферата со прислушувањето при што бараат „СДСМ веднаш да престане со објавување на нелегално здобиените материјали“ што е најотворено барање досега од меѓународната заедница СДСМ да ја прекине незаконската постапка на објавување на нелегално стекнати и прислушувани материјали.
Се подржува судската разврска и се вели: „Ние ги забележуваме/согледуваме чекорите што се преземени од страна на обвинителството за да ги испита овие тврдења и силно ги повикуваме властите да ги прифатат сите експертизи и совети кои се достапни од страна на меѓународните организации, за да се осигура дека истрагата е темелна и непристрасна“.
Делегацијата вели „По консултациите со главните инволвирани актери, и од опозицијата и мнозинството, ние веруваме дека сите можности за наоѓање начин за излез од кризата се уште не се исцрпени. Убедени сме дека политичкиот дијалог и почитување на владеењето на правото треба да одат рака под рака. Тоа е нашето разбирање дека следните чекори можат да помогнат во надминување на кризата и да се спречи понатамошна ескалација, која би можела да биде штетна за стабилноста на земјата. Затоа го повикуваме СДСМ да стави крај на објавувањето на нелегално стекнатите материјали“.
„Додека ја осудуваме употребата на незаконскиот стекнат/прибавен материјал, нашата делегација беше загрижена од степенот на нелегално снимање кој се вршел во земјата во последните неколку години. Ова може да биде наследено од еднопартискиот систем на поранешна Југославија, кој се чини дека и никогаш не престанал“.
Во декларација меѓу другото се вели- “Од почетокот на оваа година Република Македонија се соочува со сериозна политичка криза по објавувањето на телефонските снимени разговори од страна на најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Оваа влошена ситуација веќе е обележана и со бојкотот на Парламентот од страна на оваа партија, која не ги признава резултатите од парламентарните и претседателските избори кои се одржаа во април 2014 година. Го повторуваме нашето убедување дека е голема грешка да го бојкотираат парламентот, бојкотот не може да се смета како правилен политички став, веруваме дека легитимните интереси и недостатоци изразени од страна на опозицијата, кои се нотирани во претходните извештаи на ПССЕ, треба да бидат целосно надминати во рамки на Парламентот”
Делегацијата бара да се стави крај на отсуството од Парламентот на пратениците од опозиционата СДСМ и бара и владејачката коалиција и опозицијата да постигнат еден договор и да изработат план кој треба да ги содржи следниве елементи во однос на Парламентот:
– Во согласност со уставните и законските барања – се однесува на прашањето на 31 место (од вкупно 123) испразнето од страна на опозицијата – да се спроведе релевантна законска постапка и да се преземат неопходни чекори, вклучувајќи го организирањето на избори за овие места доколку е потребно, за да се осигура дека Парламентот може да функционира правилно и дека ја одразува волјата изразена од страна на сите гласачи,
Да се засили улогата за надзор на парламентот со:
-основање парламентарна истражна комисија која ќе ги испита работите на тековната политичката криза и обвинувањата кои се појавија,
– почитување на насоките од Венецијанската комиција во делот на работата на разузнавачките служби, како и континирано подобрување на изборните закони и сферата на медиумите.
Финално декларацијата се осврнува и на членството на Република Македонија во Советот на Европа, во организацијата која се стреми да ги брани човековите права, демократијата и владеењето на правото, а дава подршка и на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.