| четврток, 6 декември 2018 |

Партиски лидер не гласаше, го нема на избирачки список

Претседателот на најголемата опозициска партија од албанскиот политички блок не гласаше на локалните избори бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список на избирачкото место во Стара градинка, Тетово, додека неговата сопруга и двајцата синови беа во избирачкиот список и го исполнија своето гласачко право.

Иако политичарот покажал биометриска патна исправа, а има биометриски документ за идентификација, според неговите информации, Секторот за внатрешни работи – Тетово не го известил Државниот завод за статистика дека има патна исправа и затоа не е во избирачкиот список.

Според неговите информации, има стотина вакви случаи со луѓе што имаат биометриски документи, а не се во избирачките списоци, а сето тоа ја става под знак прашање регуларноста на изборите, особено, како што рече тој, дека 90 проценти од овие лица се нивни гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top