Вкупно 624 инспектори добија привремени лиценци од Инспекцискиот совет. Со нив ќе работат до јуни следната година, до кога мора да положат испит за инспектор како основа за здобивање шестгодишна лиценца. По положениот испит ќе добијат нови инспекторски легитимации, кои се должни да ги носат и со нив да се легимираат при инспекциски надзор.
Издавањето на лиценците, според директорот на Инспекцискиот совет Ванчо Каргов, е дел од започнатите реформи на инспекцискиот надзор во државава.
– Во тек се подготовки на испитните прашања, а вчера имаше и одлука на Комисијата. Истовремено предвидуваме лицата кои работат на оваа проблематика во наредниот период да одржуваат и обуки за подготовка на инспекторите за полагање испити, однсоно ќе дадеме целосна поддршка на инспекторите за овие испити што треба да се спроведат до јуни наредната година – речеКаргов на доделувањето на лиценците.
Инспекторите оценуваат дека воведувањето лиценци ќе придонесе за поквалитено вршење на нивната работа. – Ќе овозможи стекнување поголеми знаења во спроведување на сите закони по одделни области со цел поуспешно и поквалитетно вршење на инспекцискиот надзор – изјави Владо Милевски, инспектор од Државниот инспекторат за транспорт.
Во Македонија има околу 900 инспектори, што, според министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, е респектабилна бројка не само според квантитетот, туку и според квалитетот. Сите кои сакаат лиценци за инспектор, порача Инвановски, треба да се подготват затоа што со Законот за инспекциски надзор се предвидени сериозни критериуми.
Со подзаконските акти на Законот, појасни, се регулираат условите за вршење на работат на инспекторите, се воспоставуваат критериуми за следење на успешноста на нивните активности, а се дава и поголемо значење на постојаното едуцирање и усовршување на инспекторите.
– Како Влада настојуваме да ја зголемиме ефикасноста и ажурноста во функционирањето на инспекциските служби, да овозможиме засилена координација во вршењето на инспекцискиот надзор, како и регулирање на организацијата и раководењето на инспекциските служби, правата и обврските на инспекторите, како и хармонизација на постапката за вршење надзор – рече Ивановски.
Од 624 привремени лиценци, доделени за инспекторите со решенија до јули минатата година, најголем дел, 140, се за државни пазарни инспектори, 97 за државни инспектори за труд, 47 за земјоделски инспектори, 35 за фитосанитарни инспектори, 75 официјални ветеринари, 52 инспектори за храна, 50 државни просветни инспектори, 26 државни инспектори за транспорт, 18 државни инспектори за шумарство, 33 управни инспектори..
Во наредниот период, како што најави Каргов, ќе бидат издадени привремени лиценци и за инспектори на сите инспектори кои ги исполнуваат условите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МКФ во интерес на кошарката лиценците за домашните играчи ги врати по старо
-
МКФ со соопштение ја информира јавноста за новиот ценовник за издавање лиценци
-
Катерина Цаневска-Арсовска, портпарол во Општина Центар лажно се претставила како градежен инспектор
-
РФМ ја менува одлуката, новите цени за лиценци за странски играчи ќе важат од следната сезона