Македонската кошаркарска федерација сака да ја информира јавноста за моменталната состојба во Мак баскетот, по одлукат за новиот ценовник за издавање на лиценци за сите учесници (кошаркари,кошаркарки,тренери, судии, делегати….).
Со иницијативата на раководството на МКФ за намалување на бројот на странците, која што започна уште минатата година, а кулминираше годинава во јуни месец со дописно Собрание на МКФ, каде што се искористи и последната можност, правно да се овозможи промена на ова правило (за настап на шест странци во Првата лига), за кои предлог исклучително може да одлучува само Собранието, а нашето барање на ова дописно Собрание, гласеше „ако остане правилото на шест странци, во секој момент на теренот да има најмалку двајца домашни кошаркари“.Идејата за ова правило ни беше се со цел да им се овозможи поголем простор за настап на домашните кошаркари, со цел за континуиран напредок на истите, а воедно и за што подобар успех на репрезентативните селекции.
За жал на дописното Собрние и оваа наша последна заложба не беше прифатена од мнозинството членки. Поради тоа преку последните мерки на У.О на МКФ , користејќи го своето законско право за делување, донесовме одлука за зголемување на таксите за издавање на лиценци, пред се значително зголемување на таксите за регистрација на странските кошаркари, за првиот, вториот, третиот и четвртиот странски кошаркар се плаќа лиценца од 850 евра во денарска противвредност, петиот чини 1500 евра , а лиценцата за шестиот изнесува 3000 евра во денарска противредност, од оваа сума 250 евра МКФ уплаќа на сметката на ФИБА за секој странец поединачно. Реалното зголемување на таксите за лиценци на секој клуб, во случај истиот да регистрира максимален број, шест странски кошаркари би изнесувал на годишно ниво 6400 евра , во денарска противвредност.
Ова правило не е воведено за прв пат во Македонската кошарка, слични мерки се применувале и во 1998 и 1999 година. Исто така на Управниот одбор на МКФ се донесе и одлука за зголемување на таксата за издавање на линеци и во младинските категории.
За У-14, 50 денари на месечно ниво, за У-16 и У-18, 75 денари, а за У-20 , 100 денари на месечно ниво. Со напомена дека клубовите имаат обврска да платат за издавање на лиценца само за оние кошаркари кои плаќаат месечна членарина. Додека пак клубот се ослободува целосно од плаќање на лиценца за оние кошаркари кои не плаќаат членарина и други трошкови во клубот за негово усовршување и развој, како и за сите младински репрезентативци кои настапиле во тековната сезона на Европските првенства во огранизација на ФИБА во дресот на Македонија.
И покрај ваквата одлука на У. О на МКФ за зголемување на таксата за регистрација на кошаркари ,раководството на федерацијата изрази подготвеност за некакво прифатливо решенија со сите претставници на Здруженијата и нивните членови, меѓутоа ставот на истите Здруженија е сеуште цврст и непроменет, не нудат никаков предлог за решавање на ова прашање , туку бараат издавањето на лиценци да биде бесплатно.
Управниот одбор на МКФ инаку одлуката за зголемување на таксата за регистрација на странски кошаркари, не ја донесе поради зголемување на платите на вработените во Македонската кошаркарска федерација, туку исклучително наменски, за развој на младинската кошарка и создавање на млади кошаркари, кошаркарки и тренери кои во иднина би биле столб на националната селекција.
За таа цел уште од јануари годинава започавме неколку проекти и активности за развој и усовршување на младите кошаркари, кошаркарки и тренери.
Прокетот „Заедно до 16 години“, веќе ги даде и првите резултати. Македонската селекција до 15 години го освои треттото место на силниот Меѓународен Турнир во Италија, во конкуренција на врсниците од Италија, Германија, Русија, Хрватска, …
Како и селекцијата за кошаркари до 14 години, која на Турнирот во Словенија под капата на ФИБА забележа значително подобри резултати од претходните учества. Проектите за развој и усовршување на млади кошаркари ги продолжуваме и во новата сезона и целосно остануваме конценрирани и посветени во работата и надградбата на најмладите генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Владата во изминатава година и половина не покажа ништо друго освен криминал
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски го повикува на референдум народот што го нарекуваше стока
-
МВР: Дел од демонстрантите употребија распрскувачки средства и насилно ја турнаа заштитната ограда