Имено, според информациите до кои дојдовме, за време на денешната инспекција од страна на Општина Центар на новото седиште на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Цаневска-Арсовка лажно претставувајќи се како градежен инспектор се обидела заедно со инспекцискиот надзор да влезе во зградата, пишува „Курир“.
Опозициската новинарка по локалните избори во 2013 година беше наградена за лојалноста кон партијата. По згаснувањето на телевизијата на Велија Рамковски, оваа новинарка работеше во порталот А1он и на телевизија Шутел. Творејќи за медиуми под закрилата на СДСМ, Цаневска-Арсовска, според нејзините наредбодавци, заслужи поголема функција. Од фунција на портпарол на Општина Центар, Цаневска- Аросовка сега стигна доттаму и лажно да се претставува како градежен инспектор.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше дека домашниот мајстор Кочо Стојчевски, кој преку ноќ стана раководител на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, односно Андреј Жерновски го назначи за главен инспектор, не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор.
-Домашниот мајсторот Кочо Стојчески е најбогатиот мајстор во Македонија, вози „ауди А5“ од преку 40. 000 евра, потоа е сопственик на градежна компанија која соработувала со општина Центар. Ова е хаус-мајсторот кој најбрзо напредувал во својата кариера поради блиски релации со партиските структури и Градоначалникот Андреј Жерновски, а исто така како награда за својата работа добил семејно повластување на неговата сопруга како член во УО на градинката „Кочо Рацин”. Ова е еден пример како може човек близок до Градоначалник да напредува во својата кариера дури и за десет скалила, а притоа единствена заслуга за напредокот да му е пријателството со Градоначалникот – реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата нагласуваат дека врз основа на закон за натстрешникот Град Скопје има издадено решение и за тоа, по претходно прашање на Општина Центар, Град Скопје има доставено соодветен одговор до нив со целосна фактографија, што уште еднаш потврдува дека Кочо Стојчески не само што манипулира, туку и не ја знае работата на еден инспектор, а Жерновски повторно се обидува со паушални постапки каде што нема никакви законски неправилности, единствено желба на домашниот мајстор да го посети седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, да ја покрие својата неработливост и изневерување на довербата кај граѓаните бидејќи освен афери, Жерновски нема ништо други реализирано во Општина Центар, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.