Култивираниот вид мента пиперита (Меntha piperita) расте до 80 сантиметри. Успева на повлажни места.Стеблото и листовите му се црвенкасти, цветовите му се долгнавести, сместени на врвот на стебленцето, во соцветие од ситни виолетови цветчиња. Култивираниот вид мента е настанат со природно вкрстување на дивите видови мента клватик (Меntha aquatic) и мента спиката (Мentha spicata).
Кај нас како растение е одамна познато и се одгледува по дворовите и по нивите. Може да се одгледува плантажно, на плодна почва богата со хумус и со многу влага. Кај нас во природата се сретнуваат голем број различни видови мента и сите се употребуваат како лековити растенија.
Култивираната мента добро ги поднесува нашите услови, но послабо ја поднесува ниската температура во време на вегетација. Младите растенија подобро ги поднесуваат мразевите од постарите растенија, па насадите подобро ги поднесуваат пролетните мразеви отколку раните есенски мразеви. Може да успева и на повисоки места, но не би требало да се одгледува на повеќе од 800 метри надморска висина.
Култивирана мента најчесто се одгледува како тригодишен насад. Задолжително се одгледува во плодоред, а најдобри претходници ѝ се житните култури. На исто место во плодоред може да дојде по шест до осум години. Обработката на почвата е од голема важност затоа што има нежни подземни делови, за кои е потребно да се направи растресит површински слој. Покрај тоа, треба да се обезбеди со што поголеми резерви на влага и сосема да се уништи плевелот. Длабочината на орањето не треба да биде помала од 30 сантиметри.
Се сади со помош на подземните стебла, кои во првата година се купуваат, а наредните години може сами да се произведат, но на други површини и потоа се садат на постојано место. Пред садењето површината се бразди на растојание од 40 до 60 сантиметри, а длабочината на браздата треба да биде 10 сантиметри. Во браздите рачно се поставуваат подземните стебла на растојание од 15 сантиметри и се покриваат со земја. За садење на еден хектар се потребни 1.200-1.500 кг подземни стебла.
Окопувањето и плевењето се задолжителни агротехнички мерки во борбата против плевелот. Жетвата се врши кога половина од растенијата се расцветани. Кај нас се коси обично кон средината на јуни, првпат, и кон крајот на август или почетокот на септември, по вторпат.
Жетвата се врши со косење на височина од 5 сантиметри над почвата по убаво и сончево време, по што се остава 3 до 5 часа да свене и потоа се собира и се носи на сушење, кое се одвива по природе н пат. Приносот по хектар се движи од 1.500 до 2.000 килограми суви лисја, со однос пет килограми сурова мента за еден килограм сува. За дестилација се употребува свежата маса, која е овената во период од 24 часа. Го откупуваат производителите на чаеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Со помош на нането до помалку масни наслаги
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно