| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Со детектори за метал во потрага по возила затрупани во снег

Турски војници трагаат по затрупани автомобили со детектори за метал откако силно снежно невреме, кое траело цела недела, натрупала околу четири метри снег на автопатот Хакари- Сирнак

 Под дебелата снежна покривка останале заробени многу автомобили, трактори и камиони, па војската била принудена да употреби детектори за да може да ги лоцира.

 Потрагата се одвивала во многу отежнати услови, а претставници на локалното население соопштиле дека тие самите успеале да најдат само два камиона. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top