| четврток, 6 декември 2018 |

Во Виена отворена изложбата „Невидливиот медиум на чудесното – Los Caprichos“ на Вана Урошевиќ

Изложбата ја отворија директорката на Музејот на современата уметноста, Елиза Шулевска и амбасадорот на Република Македонија во Австрија, Василка Попоска-Треневска.

Тие истакнаа дека со овој културен настан амбасадата на Македонија ја отвора пролетната сезона на преставување на нашата земја и важноста на ова големо ликовно претставување на современата македонска уметност во австриската престолнина.

На изложбата насловена „Невидливиот медиум на чудесното – Los Caprichos“, чиј куратор е македонската уметница Вана Урошевиќ, се претставени околу шеесет дела групирани во 14 целини, принтови на рачно обоена свила со вез.

Овој проект е дел од програмата на Музејот на современа уметност за 2015 година, финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top