| четврток, 6 декември 2018 |

Фондација „Македоника“: Најчитано дело од македонски автор е „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски

Романот „Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски е убедливо најчитано дело од македонски автор на најголемата е-библиотека во земјава, востановена од Фондацијата „Македоника“.

Policajka-v-krevet

Во периодот од минатогодишниот саем на книгата во Скопје, до годинашното издание на оваа манифестација, според показателите на Фондацијата „Македоника“, романот на Веле Смилевски има 8.900 читатели. Од современите македонски писатели во категоријата на белетристички дела на е-библиотеката на „Македоника“ меѓу најчитаните се и книгите на Дејан Дуковски, Луан Старова, Joван Стрезовски, Матеја Матевски и Александар Прокопиев.

Фондацијата „Македоника“ на престојниот Саем на книгата во Скопје на пригодна свеченост на писателот Веле Смилевски ќе му предаде Плакета за најчитан автор меѓу два саема.

Романот „Полицајка в кревет“ Веле Смилевски го објави во 2012 година и до сега доживеа три печатени изданија. Минатата година романот беше промовиран и на е-библиотеката „Македоника“, каде истиот може бесплатно да се чита www.makedonika.mk/ShareBook.aspx?id=1091

Деновиве Веле Смилевски го објави и романот „Дневникот на полицајката“ кој, според издавачот „Дијалог“, е втор дел од трилогијата „Полицајка в кревет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top