Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе соработува со истражителите во случајот во кој германската контраразузнавачка агенција (БНД) им помагала на агентите на американската национална безбедносна агенција (НСА), пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Германските медиуми објавуваат дека БНД дозволила Американците да ја користат германската станица за набљудување во јужна Баварија. И високотиражниот „Билд“ и влијателниот „Шпигел“ тврдат дека целта на шпионирањето биле француските власти и европски компании во областа на безбедноста. Според истражителите, БНД дејствувала спротивно на националните интереси со шпионирање на француските власти, а „Билд“ тврди дека била во контакт со документ кој докажува дека за операцијата била информирана канцеларката Меркел уште во 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.