За секое дете ќе заработам по 50 милиони долари на мечот со Пакјао, а размислувам потоа да бокусвам само уште еднаш, им откри на новинарите Флојд Мејведер, непоразениот шампион во бокс. Тој има 4 деца и очекува заработка од неверојатни 200 милиони евра на боксерскиот спектакл во Лас Вегас на 2. мај.
Интересот за овој меч ги надмина сите очекувања, а двајцата боксери имаа одвоени прес-конференции. Мејведер кој е непоразен и има биланс од 47 победи беше на мегдан со новинарите во МГМ Гранд хотелот каде ќе се одржи битката на векот, а Пакјао говореше пред над 1500 негови навивачи и пред преставниците на седмата сила во хотелот „Менделеј Беј“.
Битката на двајцата лути ривали се разгоре одамна, а долг период, со години преговорите меѓу претставниците на Мејведер и на Пакјао за да ги одмерат силите во рингот беа неуспешни. И кога се чинеше дека двајцата врвни боксери нема да излезат на мегдан еден наспроти друг, падна договор за спекаткуларен меч во Лас Вегас. Дуел на кој ќе се свртат стотици милиони долари, за кој билети нема ниту за ВИП личностите, а се плаќа баснословни суми само да се дојде до вредното парче хартија, кое овозможува во живо да се следи боксерската битка која долго се очекуваше. На „црно“ билет за подобрите места во арената чини околу 65 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.