Холандскиот интернационалец во редовите на Манчестер јунајтед, Робин ван Перси, изјави дека има желба да остане во клубот и следната сезона. Англиските медиуми истакнуваат дека ако тој се прашува би останал со „црвените ѓаволи“ и следната година. Тој сака да се врати на старите патеки и да постигнува многу голови, по лошата сезона во која се мачеше со повреди, а одигра само 25 натпревари и постигна 10 гола.
Договорот на Ван Перси со Манчестер јунајтед истекува во јуни 2016 година, па клубот ќе сака да го продаде ова лето и да заработи со неговото заминување. Во спротивно, следното лето ќе може да замине како слободен агент. Неговиот сонародник на клупата Луис ван Гал отворено изјави дека нема да смета на Ван Перси за следната сезона. За Холанѓанецот се заинтересирани Јувентус, Милан, Лацио и турските клубови Галатасарај и Фенербахче, кои наводно Ван Перси веќе ги одбил.
Ван Перси прејде во редовите на Манчестер јунајтед во 2012 година од редовите на лутиот ривал Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.