| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно во дресот на Феенорд: Робин ван Перси се врати дома

Холанѓанецот Робин Ван Перси (34) потпиша за Феенорд, клубот од каде што пред 14 години тргна во голема фудбалска авантура. Поранешниот холандски репрезентативец се врати на „Де Кајп“ како слободен агент, откако неговиот договор со турскиот Фенербахче истече.

Ван Перси играше за Феенорд од 2001 до 2004 година, таму се афирмираше како голем талент, а потоа се пресели во Арсенал каде што играше во наредните осум години, пред дресот на „топџиите“ да го замени со тој на Јунајтед.

Во последните три сезони тој играше за Фенербахче.

Тренерот на Фееноорд, Џовани ван Бронхорст е поранешен соиграч на Ван Перси од репрезентацијата, а тимот под негова команда моментално се петти во „Ередивизи“. Ван Перси со 50 гола е најдобриот стрелец во историјата на својата репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top