Хељдата има помалку калории од другите житарки, а содржи многу протеини, аминокиселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, витамини Б1, Б6. Нутриционистите им ја препорачуваат на луѓето кои страдаат од анемија, хипертензија или болести на црниот дроб да ја вклучат хељдата во својата исхрана.
Диетата со хељда се држи 14 дена, во текот на кои можете да изгубите од 7-12 килограми и воедно да го исчистите својот организам и да ги одморите органите за варење.
Зрната хељда треба да се прелијат со врела вода, потоа да се процеди водата па повторно да се прелијат со врела вода, да се поклопи садот и да се остави да отстои во текот на ноќта. Не треба да се вари, само се прелива со врела вода. На една чаша хељда во зрна се става 1,5 чаша вода.
Во текот на диетата можете да јадете хељда колку сакате, нема ограничувања, но треба да се јаде без зачини, сосови и сол, единствено можете да додадете соја сос. Во текот на денот исто така треба да се испие 1 литар кефир или јогурт со масленост од 1%. Треба да испиете најмалку 1,5 литар вода дневно. Можете да пиете и зелен чај, а доколку пиете кафе, ограничете се на две шолји дневно и тоа без шеќер. Пожелно е последниот оброк да ви биде 4 часа пред да си легнете. Во текот на денот може да се јаде и овошје и зеленчук – јаболка, зелка салата, суви сливи, лажичка мед,…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.