| четврток, 6 декември 2018 |

МОСТ: Во Струмица најдени вишок 33 гласачки ливчиња

most graganska asocijacija

Било констатирано дека станува збор за грешка во сериските броеви и откако тоа било заведено во записник, гласањето продолжило.

На гласачкото место 1720 општина Струмица утрово веднаш по отворањето имало прекин на гласањето поради тоа што е увидено дека постои вишок од 33 гласачки ливчиња, информира Дарко Алексов од граѓанската асоцијација МОСТ. Општинската изборна комисија направила увид и било констатирано дека станува збор за грешка во сериските броеви. Откако тоа било заведено во записник гласањето продолжило.

Гласачкото место 0957 во општина Крива Паланка е отворено со еден час задоцнување поради снег, а гласачкото место 0925 во Кратово е отворено во 7 часот и 30 минути и на ова гласачко место е забележано читање на глас на имињата на гласачите. Во општина Штип, гласачкото место 2295 е отворено во 7 часот, но е прекинато во 7 часот и 15 минути поради тоа што пред објектот во кој се гласало имало билборд на политичка партија. Општинската изборна комисија во соработка со Противпожарната служба го отстраниле пропагандниот материјал и гласањето продолжило во 7 часот и 45 минути.

Изборите ги следат 3.200 набљудувачи на граѓанската асоцијација МОСТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top