| четврток, 6 декември 2018 |

Синот Стефан нов импулс за продолжување на кариерата за Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ има план кога ќе замине во тениска пензија, а во изјава за италијанските медиуми ги израдува своите симпатизери дека тоа нема да се случи наскоро. Планот на најдоброрангираниот светски тенисер е да игра уште 5-6 сезони, а потоа ќе се прости од една од најпопуларните индивидуални игри на планетата.

– Ќе играм уште 5-6 години. Чуствувам дека имам енергија за уште толку сезони. Раѓањето на мојот син Стефан ми даде нов импулс, нов поттик и свежина да продолжам со тенисот. Животот сега има поинаква смисла – изјави Ѓоковиќ.

Monte-Carlo Rolex Masters tournament

На 22 мај српскиот тенисер ќе наполни 28 години, а во продолжението од кариерата се надева дека ќе го освои Ролан Гарос, единствениот гранслем турнир што го нема во колекцијата. Следен предизвик за него е освојувањето на турнирот од мастерс-серијата во Мадрид, а потоа започнува походот на Париз и на Ролан Гарос. Со победи на Индијан Велс, во Мајами и во Монте Карло, Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата што ги освоил стартните три турнири во сезоната од мастерс-серијата 1000.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top