| четврток, 6 декември 2018 |

Победнички финиш на МЗТ Скопје, падна и Крка

a3МЗТ Скопје ја победи словенечка Крка со 80-68, за убав крај на дебитантската сезона во Јадранската лига. Скопјани одиграа одличен меч и убедливо беа подобри од поискусниот тим, со повеќе настапи во регионалното натпреварување. За жал, победата не донесе подвиг и пробив на 6. позиција, бидејќи конкурентот Цедевита, славеше против Широки со 77-75 и остана пред МЗТ Скопје. Седмото место, со 14 победи и 12 порази е одличен ефект за дебитантот од Скопје, а и крајот беше со стил, победнички. Победени се гигантите Партизан и Цибона, екипи што беа шампиони на Европа, потоа региoналните големци Задар, Олимпија, силната Цедевита на двапати, што е успех за респект.

Против Крка, императив беше победата во атакот на шестата позиција, а предводници повторни беа извонредните Чековски и Гечевски. Тандемот под кошевите на МЗТ доминираше и заедно постигнаа 46 поени. Ѓорѓи Чековски блеска сезонава, неколкупати беше во тимот на колото, а на Крка и го наполни кошот. Погоди 11 пати од 16 обиди, за супер ефект од 26 поени. Веројатно повторно ќе биде во конкуренција за место во првата петорка, на последниот 26. круг во лигата. Рамо до рамо, со него беше ветеранот Гечевски. Играчот што има најдобар индексен рејтинг во историјата на АБА лигата, игра како во најдобрите години, импресивно. Против Крка даде 20 поени, а интересни беа неговите дуели со Матјаж Смодиш.

a12

Стандардно добро одиграа и Дамјан Стојановски, Кејд Дејвис, талентираниот Марковски и сите останати кошаркари на МЗТ Скопје, кои можат да се гордеат на учинокот во дебитантската сезона на Јадранот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top