| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на дела од работилницата за сито печат во „Кула“

unnamed

Културниот центар „Кула“ организира изложба на учесниците од работилницата за сито печат, која ќе заврши на 26 април. На изложбата ќе се претстават 25 млади автори, кои успеаја за мошне краток период да ги совладаат техниките на сито печат и да се претстават со сопствен монохроматски дизајн.

Нивните дела можат да се погледат на 27 април (понеделник) во „Кула“ со почеток од 20 часот.

unnamed (1)

Учесниците на работилницата се: Ѓорѓи Анастасовски, Весна Аранѓелковиќ, Горан Костовски, Калиопи Илиевска, Ристенка Колева, Лина Димитровска, Марија Треневска, Елена Ристова, Драган Китановски, Бисера Крцковска, Александар Балдазарски, Илина Поповска, Гала Насевска, Ивана Пирковска, Ирина Цоневска, Гордана Буржовска, Ивана Горичанин, Ирма Велковска, Елена Русеска, Мирјана Најдовска, Мила Симовска, Благоја Камчевски, Ивана Андреиќ, Марјан Димиќ и Мила Спасовска. Ментори на работилницата се Самир Карахасан, Ертунч Сали и Стефан Николовски, а нејзин координатор е Маја Стојковска.

– Поголемиот дел од работните активности, главно се вршеа во дворот Кула, чиј креативен потенцијал беше искористен до максимум. Макар што дизајните се разликуваа еден од друг, енергијата во групата пленеше од хармоничен творечки елан за споделување идеи и брза имплементација на истите. Поаѓајќи од големиот интерес и посетеност на работилницата од страна на учесниците, овој втор проект на „Кула“ успеа да ја оствари својата цел во соединување и вмрежување на креативни млади луѓе – велат од културниот центар „Кула“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top